вели (гл.) - слеп (прид.)

„Несреќите се за луѓето“, им велеше слепиот Тимон.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Во сите времиња било така”, вели слепиот Тимон: „кај дупи парата, не дупи бургијата...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ништо не им можете“, им велеше слепиот Тимон слушајќи кај што луѓето трупкаат со нозете по нив: „Оставете ги на мира; кога ќе им дојде времето, сами да си заминат...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Не е тоа“, велеше слепиот Тимон: „Ова чудо се случува само во воено време.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Животот е како дрвото - ако го кастриш, повисоко ќе расте...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)