вели (гл.) - поп (имн.)

Илко се позадржа кај попот. — Mope, Ило, — му вели попот — лели ти сам дојде да ме поканиш, ајде да си ги видиме есапите овде, што да му главоболиме тамо на сете, да вадиш ќесе, да ти призра секој во него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, како не нѐ бендисуа, невесто, — вели попот, — носи вамо, јас ич неќу ни тепции, ни јании.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многу сум ти пијан брате, па може да сум рекол нешто криво.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Така вели поп Китан, а колку е така... Толку и да биде...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Гробовите се нашето вечно живеалиште“, велеше попот: „тоа е нашето село најголемо; колку пет села во него има; сите оние што од памтивека живееле во селово - тука лежат; и ние тука ќе лежиме; гробовите, браќа мои, се вистински споменици, историја: кажуваат кој бил, кој се родил и кој живеел и умрел; која и каква фамилија била и како живеела: богато или сиромашки; која двоела од устата да направи надгробна плоча, да остави белег, знак, зад себе; тие што не мислеле на тоа, оставиле само керамитка, искршено фенерче или стар цреп да ја заштити свеќата од ветер; некои гробови воопшто не се знаат каде се, кај лежат низ трњето, кај треба да се однесе задушница и каде да им се отпее молитва; на некои гробови им се распаднал крстот, им се избришало името; мртвите, драги мои, ако не се бараат и ако не се спомнуваат - се забораваат“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
– Ако имаме касмет да стигнеме до него, колај ќе ја разбистриме сета работа – им велеше попот на другарите -ама не верувам. Не нѐ остава тој пес кадијата; ќе нѐ расипе уште во Прилеп – со право се плашеше попот, знаејќи го свирепиот карактер на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Охридскиот сакеларија Стефан таму им се радува на светулките кои ги галат сновиденијата на мајчин јазик пред да се слеат во изгрејсонцата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Прво па машко си вели поп Данаил Москополчанин и цврсто ја стиска под мишки книгата во која што и љубовта и татковината четиријазично се пробиваат низ светската заматеност и одважно влегуваат во историјата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Божјите намери не се досегаат, вели поп Танаско, и се неразбирливи за простиот ум човечки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама не очајувајте, ако непорочно го носите бога вели попот, ако го славите Исуса, ако го спомнувате во сѐ што правите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А маштеницата, вели поп Танаско и си ги собира подароците што ги донесовме за здравје.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сигурно болен дошол, рече клисарот. - Закопајте го така, како што е, вели поп Танаско, не преслекувајте го.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не знам, дали стасавме на време да му се обратиме на бога, вели поп Танаско, дали го фативме последниот час за молитва, за милост, ама наша света должност е да се молиме и да се молиме. 135
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)