вели (гл.) - дете (имн.)

Дупчето? вели детето. — Ушето? — одговори Толе и го прегрна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се враќам поразен: ме прашуваат очите на дечињата како ми е во душата, како ми е во срцето и воопшто ме прашуваат очите како ми е!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— Мајките не одат гологлави, ми вели детето, тие сите жалат и носат црни шамии.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Од тие што ги најдовме, велат децата, од тие што ги фрлавме в оган за да пукаат, велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно од децата свикува: - Мамо, мамо, вели, тате сите печурки ги изеде. - Како, бре сите, вели Дуковица. - Еве веќе нема, вели детето и почнува да плаче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од нејзините очи изгрева мајчинска Деница, чеда мои, им вели на децата и трепери грижно и ја печали нивната почит секојпат застаната спроти мене, исправена спроти мене, мамо, велат децата, слушај жено, велам јас.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега кога велат деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија зошто не кажуваат дека со нас беа и грчиња од цела Грција, чии родители беа партизани.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
— Ти не си мајка, вели детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)