вели (гл.) - војвода (имн.)

„Од братучедот ми се познанијата“, вели војводата и покажува кон дедо ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И војводата мавнува со раката и комитите ги тргнуваат штиковите од под гушата моја. ־ Ај, сега оди си, вели војводата, ние пак ќе те побараме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Знаеш што е мажот ти, сега, вели војводата, или не знаеш? - Војник е, велам, а не знам што велам. Што да речеш ќе згрешиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сега, ко посрано дете се мешколи пред нас, си мислам, - За држава треба цар, даскали, доктори, писари, вели војводата, а ти имаш само болви и болвосерки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Почекајте да се стемне, вели војводата, не сакам народот да ме види врзан.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Јас еднаш сум се родил, вели војводата, и еднаш можам да простам, вели, а ножот уште му игра во рацете, ко сок на летен припек му игра, ко змијско око му светка седефот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не знаеше дека ние имаме свои судови, му вели војводата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ајде заколете ме, велам, барем ќе има со што да се пофалите. Не те колиме, вели војводата, ако се омажиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не знам, вели војводата и ги крева рамената до ушите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кај сакате одете, вели војводата, што сакате пишувајте се. - Дали Срби, дали Бугари, дали Грци, прашувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Дали Турци, Ѓупци или Арнаути? - Умот ништо повеќе не ми кажува, вели војводата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Одведете го, вели војводата, и двајца го креваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Секој гостин се испраќа, му вели војводата, па и јас сакам да те испратам. - Не правам повеќе гости, се моли Џемо полјакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Доста ни е од такви Дости, вели војводата, зар и разбојници да прибираме, вели, и наредува да го врзиме, да го мочаме. И ние сите му се изредивме. Како да гаснеме запалена вреќа со ќумур.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ако правиш пак гости, ќе те испратам кај господа, му вели војводата, да не речеш дека не ти кажав, му вели. Ама од лево уво влегло, од десно уво излегло кажаното.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Штиковите им светкаат во темницата. - Заколете ја, бре, вели војводата. Заколете ја, кога не се разбира. - Заколете ме, велам, побргу да си појдам кај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами кој знае, му велам јас, кој треба да знае? - Господ, вели војводата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)