вели (гл.) - тоа (зам.)

„Крвта не била вода“ — си рече тој. — „Имало право старите што го велеле тоа“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некојси, а велат тоа бил Христос, се нафатил да го корне злото, лошото, болното, грдото, ама со добро и правејќи само добри дела.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ете што излезе затоа што им верувавме. Јас го велев тоа за сето време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Кој го вели тоа? - Жан – Пол Сартр! - Тој е западен декадент! - Беше и остана комунист.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Маса гладни деца ми го велат тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Сигурно не си најарниот тука... - Не го велам тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И додека го велеше тоа, рацете му нуркаа во џебовите на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ако сите го велат тоа, тогаш тоа е токму така.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ти, ти зборуваш како јас да го велам тоа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му го велам тоа, а знам дека нему не му требаат зборови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Но штом го вели тоа Дедо Мраз, така е. – дополни старешината.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Кој вели тоа? пак праша човекот; не можеше да улови друга мисла во себе. - Кажи, кој?...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„За што мислиш кога велиш тоа?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Притоа тој тупна со ногата кревајќи го гласот до толку висока нота, што дури и да бил некој друг на местото на Акакиј Акакиевич, би се исплашил.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Дали знаете кому му го велите тоа, дали ви е јасно кој е пред вас?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се чудите зошто ви го велам тоа? Не е за чудење. Не чудете се. Причината е многу проста.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ми го вели тоа Неделко Сивески и влегува во нивата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)