вели (гл.) - некој (зам.)

Добра вечер, му вели на Јосифа, а потоа свртувајќи се спрема Максима, кој ја затвори вратата и со пиштолот в раце остана да стои зад него, вели Некој дојде во Потковицата, по Градишки Пат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој во одајчето крие злато, вели некој од ослободените молци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
— Браво, велат некои Германки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако сакаат да нѐ ослободат Бугарите, зошто нѐ даваат на Италијанците, вели некој човек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лаже, велат некои комити застанати зад Германците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се мрестат, велеа некои, затоа се вака збрлавени.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Затоа беговите не се жалеа кога умираа половината од децата. – Добар сој е нашата раја – многупати си велеа некои од нив. – Нема да останеме без работници дури вака се котат како зајаци...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тогаш кога командуваа со нас, да ми велеше некој дека тие се многу расипани луѓе, ќе им пукав меѓу очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Каде се? - прашува старешината Раде. - Останаа долу, - вели некој. Рекоа дека ќе нѐ стигнат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)