вели (гл.) - му (зам.)

Му ја врати пушката велејќи му да се повлече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Командантот се замисли за час, а по тоа рашири раце, велејќи му на Белича: – Ти можеш да останеш, а тој не.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
До вечер ќе блеам по ходникот да уловам некој збрлавен со јазик изваден ’ко пес жеден, со некоја која го поттурнува со рака, велејќи му: „А бе улав, луѓе има!“, а потоа по кеј ќе ловам пензионирани двојки фатени под рака, кои одамна веќе не се љубат, ама пред спиење во чело се бакнуваат со срам и страв да не е последно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некој од нив, воден од сочувство, одлучи да му помогне на Акакиј Акакиевич барем со добар совет, велејќи му дека тој не би пошол кај реонскиот началник, зашто може да се случи реонскиот, сакајќи да заслужи пофалба од претпоставените, и да го пронајде на некој начин шинелот, тогаш шинелот сепак ќе остане во полицијата, ако тој не им достави законски докази дека шинелот му припаѓа нему; туку дека е најдобро тој да му се обрати на едно значајно лице, дека значајното лице, откако ќе испрати писмо и ќе се поврзе со оној со којшто треба, може да направи работата да тргне поуспешно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Баба му Депа рече: ”Тие што не се раѓаат навреме, велат му пркосат на животот а животот ним подоцна им се свети...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа му се враќаше на татко ми, велејќи му: - Сполај ти, синко!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)