вели (гл.) - ми (зам.)

– „Море не велете ми аџија, бре селани им рекол Силјан, оти не би касмет да одам на аџилак, чунки дуовникот што ме зеде да ме носи се удави в море; оставете, браќа, не е за кажување и за верување тоа што сум патил во овие две-три години, ама ак ми беше тоа што сум патил оти од таткова и мајкина клетва не сум верувал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тоалетот беше голем колку една соба, а во кадата тетин ми комотно можеше да си постели и да си легне од што беше широка и длабока.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Генералот ми ја зеде десната рака и ми го стави орденот во дланката, велејќи ми: - Благодарната грчка татковина посмртно го одликува вашиот син и го унапреди во чин десетар.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не вели ми така, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пијат и ме нудат. Јас се бранам. Ама пуста прокуда. Не вели ми давапати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога мајка ми го спушти телефонот триумфално ме погледна, со погледот велејќи ми „ти реков?“
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)