вели (гл.) - еден (зам.)

Сопственото јас, вели еден пациент, се чувствува смачкано и осакатено, дури и при најобичен разговор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Животинска фарма, вели еден писател за вакви работи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
— Тоа се црните лезбејки, ми вели една постара криминалка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Дај го рефератот, ми вели еден офицер, и дојди со мене!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од машкото одделение, ми вели една сестра.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не го прима господ, вели една Германка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Адному богу известно52, вели една криминалка, но вие не сте за Сахалин.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како и да е, во тој замок-каде-и-да-е, една од забавите на исто така (како и господинот Сенка) непоимливо осамениот Призрак се бес­крајните прошетки од скулптура до скулптура, од слика до слика, гледајќи го (осветлувајќи го!) сето она што, на некој начин, не може да биде тој самиот; т.е. доволно згуснат за да биде фор­ма, доволно собрани тие честички светлина (од кои е составен господинот При­зрак) за да биде целина, суштество, а не некој вид на вампир осу­ден на талкање меѓу мртви предмети.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Никогаш не нѐ напуштил, тој е на земјата!“, велат едни; „во најдобар случај, глупаци, тој е само над“, велат други.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Какви јагниња, бре недоделкан, ми вели еден даскал, тоа е кусок на соли и на минерали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Да му го закачам на ваков живот, вели едно журчанче, преврзано преку очи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)