валка (гл.) - во (предл.)

— Тој е, кој ќе биде друг. Толе со дружината — објасни останатиот селанец, Стојан Мегленецот, и испратија двајца од аскерите да сторат абер во Витолиште на мулазимот и мудурот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овде, се разбира, веднаш се стрчав на aerobic, нарачав нордиски track, ги наполнив кујнските шкафчиња со slim-fast, а и tight-master-от порнографски се валка во некој агол...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Го испушти и долго се валкаа во мекиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зачмаената улица оживуваше. Како матен порој ги валкаше во мов удавените луѓе - себични и нечовекољубиви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Проклет да бидам, колку бргу, колку неочекувано сè кај него се измени, колку наеднаш пропадна, ослабе, се стопи, сосема се запусте личеше на некое големо рането птичиште на кое крилјата му клапнале, па челичните перје му се валкаат во блатото.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- „Ете, толку години от коа умрел татко, јас сум ден и ноќ, сѐ по надвор, под ведро небо; дома си идам по еднаш на годината; со никого не се познаам, ни пријател имам, ни душман имам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И види вамо! Коа ќе се врата околу ужина, ако не чуја да тажиш во куќава, глаата ќе ти поет!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Мнозина луѓе беа застанале да го гледаат попо како се валкал во калта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Што веќе е многу, можеби дури и сосема екстравагантно, бидејќи кој ја твори таканаречената хрватска граѓанска сцена ако не таквите шовинистички свињи, заедно со оние коишто од кукавичлак, опортунизам или кариеризам се валкаат во нивната кал.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)