вади (гл.) - марамче (имн.)

Го вади марамчето, го допира до устата. Гледа: крв...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Не плачи, Фридрих… Не плачи,” му вели, а потоа одново го фаќа за рака, и го поведува натаму по паркот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Шумарот, јадејќи за двајца, со двата надуени образи, често го вадеше марамчето од џебот, си ја бришеше потта.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Плаче како мало дете. Неговата мајка вади марамче, ги брише неговите солзи, а потоа и мрсулите кои потекуваат по неговите масивни мустаќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)