бушави (гл.) - коса (имн.)

Стрелката само оди, само се покачува нагоре: шеесет, седумдесет, осумдесет, ветрот ни ги бушави косите, ни влегува низ ракави, низ ногавици, ни ги дуе алиштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но тој стоеше горе; ветрот му ја бушавеше косата. А тој рече: „Не. Не слегувам, Луцијо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лазор Рогожаров за првпат си ја бушави косата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крсте подрипна и веднаш одговори потврдно и се загледа со ред во сите четници; во нивните бушави коси, небричени бради, извалкани алишта, а особено во нивните колани, фишеци, револвери и пушки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)