брои (гл.) - чекор (имн.)

Во собата, пет со четири, чекорев од избледениот гоблен до печката и пак назад, од час во час, и си ги броев чекорите. Најспокојно размислував во движење.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Чекореше и ги броеше чекорите еден, два, три, четири и пак едно, две, три, четири... и го знаеше својот почеток но не можеше да ја наслути својата иднина, својот крај, дури ни својот утрешен ден.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во собата, пет со четири, чекорев од избледениот гоблен до печката и пак назад, од час во час, и си ги броев чекорите. Неспокојно размислував во движење.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги броеше чекорите. Се движеше овојпат бесцелно водена само од нагонот да го освојува просторот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)