брка (гл.) - работа (имн.)

— Јас му веле на браче Илка: море в'кот сам ако не си а брка работата не бидуа дебел во вратот, а тој: „дедот Петко ќе стори шо ќе стори".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека се замрачи, ќе одиме понатака да бркаме работа — одговори Толе, придржувајќи се на упатствата што му ги даде Бешот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Доста си цукна двапата. — Прво дете не се кршчава на умрен дедо или баба, — се поутеши некако и си брка работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За гозбите денешни што да прикажуваме: тие беа нарачани сношти за педесет души аскер, за два чауша, пет онбашии и еден муљазим, а сега ги јадоа само шест души Толева дружина и седум членови од новиот комитет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јован ги мати сите од денеска за утре и си ја брка работата своја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А вака со туркање не бркаме работа — и го запна грбот во стената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чекаме и си ја бркаме работата што ни е.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)