брише (гл.) - солза (имн.)

Младичот (Ги брише солзите): Овој орангутан ми ја силува девојката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста (Кон младичот): Што е ова?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие првпат во животот го видоа Чанга како ги брише солзите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја крева нејзината дланка до усните и ја бакнува, а таа го гледа, стаписана, со црните очи од кои не престануваа да извираат солзи, додека брадата ѝ трепери од возбуда.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со изненадениот поглед немо ја прашува што ѝ е, а таа со едната рака ја брише солзата што ѝ се лизга по мазниот образ и насмевната одмавнува со главата давајќи му на знаење дека е добро.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Море смрдење, мајката бреј! Бетер од Турчишчата!“ — си помисли Толе кога си ги бришеше солзите од очите, кои беа му навреле при повраќањето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жените ги бришеа солзите, дедо Димо го гмечеше луленцето, а прстите му трепереа и никако не успеваше да го запали, а Денко и Бојан, главните јунаци на оваа свеченост, не успеваа да ја скријат својата голема возбуда.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Така и беше: дојде како никаде да не бил, како од никаде да доаѓа; така влезе кај мене дома, дури и без да чукне; го спушти куферот, ме прегрна и потем јас долго плачев во неговата прегратка, а тој ме тешеше и ми ги бришеше солзите; велеше: „Ништо, ништо не е тоа; само минале годините; ништо страшно не е тоа“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас ги бришев солзите и седнав.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тетка ми со шамиче ги бришеше солзите, а јас во тој момент, веројатно поради начинот и содржината на сето тоа што го нареди не можев да заплачам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Гледав низ прозорецот кон улицата, или пак во одразот на својот лик во прозорското стакло, и си ги повторував зборовите на мама: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Господине, и мене ми треба малку нежност,“ подвриснуваше Августина, додека брат ми си ги бришеше солзите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја бришев влагата собрана на прозорското стакло, создадена од нашите дишења, а не си ги бришев солзите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Дајте ми и мене малку нежност, господине.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не, не можев да сум поинаков од другите, со нив раснев и од нив учев, и не верував дека е прв ден на пролетта: минува времето низ мене, ме џвака однатре, ќе се споулавам, мислев и ги бришев солзите на пониженоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, со години, победата родена во одмазда станува дамка на совеста а поразот можел да се крсти подземен заборав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Каде, Росе каде росно цвеќе мое, ја прашувам, си ги бришам солзите и одам по неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден на друг си ги бришеа солзите правејќи место за нови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јана од скутот на мајка си ги бришеше солзите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Едниот на другиот ги бришеа солзите, долго во ноќта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На третиот пат невестата попушта, го обува едниот и по тоа другиот чевел и си ги брише солзите, оти ѝ ги врзале нозете во букагии, нема да биде веќе „пашито добиче“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И почна да си ги брише солзите со црната шамија, која беше знак на преголема жалост.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста ги бришеше солзите и веруваше дека од устата на стрина Маловица господ зборува и сето си го претстави во нејзината бујна фантазија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Невестата го турка трипати, а потоа си ги брише солзите, оти ја наоглави деверот и сега ќе му ја водат на зетот — тој да господари со неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Постарите жени со шамиите ги бришеа солзите радосници.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Цврсто удиравме на асфалтот со новите војнички цокули.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Старците, седнати на камењата пред бараките, повлекуваат од цигарите и јавно си ги бришат солзите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Улуглави, едни мавтаа со црните шамии и капи, други си ги бришеа солзите и си ги криеја лицата со црнината што ја држеа в раце.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И кога сосем падна мракот, јас престанав да си ги бришам солзите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го извадив шамичето и долго и ги бришев солзите, ја галев по глава, два - три пати и ги расплетов плетенките и пак и ги сплетов.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Мамооо!!!! – викна момче од камионот што возеше пред нас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ни рекоа да не зборуваме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И додека си ги бришевме солзите и престанавме да липаме, штом го поминавме тунелот, слушнаме пробивен и писклив женски глас: - Доаѓаат!!!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
ТЕОДОС: (Ги брише солзите и воздивнува тешко.) Оф, јас сиромав!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: (Преплашен како и другите) Леле, коџабаши Панко! Заптии! Што правиме сега? Што има пизма на нас Циганите!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Дури едната плаче, вели Оливера, другата ѝ го секне носот, ѝ ги брише солзите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никифор се пресега и ми ги брише солзите од лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму в десно една мајка му ги брише солзите на синчето, го гушнува, го крева в раце, а тоа се зграпчило за неа како некое маче, ама веќе не плаче, усните на мама му се доближени до увцето и сигурно нешто убаво му шепнува, па се насмевнува и погледнува кон едно девојче кое се гушнало со своето маченце - и тоа, маченце - ќе стане прваче.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Подига таа раце и со дланките си ги допира образите. И брише, та брише солзи...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мара со очи на уплашена срна гледа во растрепереното пламенче; Јана скришум брише солза; Аргир, кој има очи на риба - ококорено, студено и безбојно гледа кон излезот, чиниш некого чека-исчекува, гледа со поглед на гладно прасе, упорно, засекливо дури во мракот погледот негов пронижува ко сврдел и буди морници...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јани, коленичејќи, па ченгелот обеси ѓумче и почна да дува во одвај разгорените огпичиња, плука настрана, со валканата дланка, ги брише солзите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со раце исчадени од барут, ги бришат солзите, сомнително се гледаат, талкаат еден друг, шепотат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
(Борис е расположен. Кришум брише солза. Играта завршува. Се појавува Матеј.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И учителката и учителот ги извадија шамичињата и си ги бришеа солзите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сега сигурно ја гушка мајка си и ѝ ги брише солзите сметајќи дека на тој начин ѝ ја смалува болката во срцето. До вечерта денот уште голем.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)