брани (гл.) - бугарски (прид.)

На Сарафов не му сочувствуваа бугарската влада и кнезот, со други зборови: Комитетот, на којшто му претседателствуваше Сарафов, по македонското прашање се придржуваше според една таква програма, тогаш за тогаш само политичка, изработена уште од понапред, на која не ѝ сочувствуваа оние што се повикани да ги бранат бугарските интереси, ами сочувствуваа оние што ја составуваа толпата, со други зборови, бугарскиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)