брани (гл.) - маж (имн.)

По малку време некои од луѓето го виделе попот како потскокнувајќи бега пред бледоносите жени. Не можело да е поинаку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Попот бездруго брзал да го најде утрешниот младоженец и да му каже со насилена насмевка дека ангелите од Откровението на светецот Јован Богослов не бранат маж без жена и жена без маж да се земат, секако во љубомората повикувајќи ги во себе русоглавите небески жители да дојдат и да го престорат среќникот во жабок под кожув; желудникот го болел од пакост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Јас го бранам мажот ми, велам, јас нему и пред бога сум му дала збор дека ќе го бранам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)