боли (гл.) - многу (прил.)

— Да не те боли многу ногата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јадевме само жива пченка, вели, влеговме во една нива и накршивме кочани пченка, вели, и после нѐ болеше многу срце. Нѐ свитка мевот од бола, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Имав јас порано многу голема болка и тага и што ли уште не, кога го загубив мојот драг сопруг... ама ова болеше многу повеќе од тоа... смрт? Што е тоа?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не ја боли многу, си велам, штом солзите ѝ се чисти како кај дете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)