боли (гл.) - нога (имн.)

И таман побара некое дрво од аскерите да не го болат нозете, наеднаш се истури залп од пет шест пушки и еден бесен вик од стената над чешмичето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За миг аскерите прснаа да бегаат надолу низ папратта, оставајќи го онбашијата, Трајка, Ташка и еден војник да клоцаат и да се валкаат во тињата под чешмичето, да стенкаат со забите, сега тие, како преѓеска Јован.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тешко се оди по кал? Болат нозете и рамото?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Цела есен, цела зима го болеше ногата и мораше да лежи дома.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А, ако си далеку - неметено ќе ти биде зашто ќе ја болат нозете од пеш одење“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
— Ме боли ногава, велам, а друго си мислам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ме боли ногата, велам, имам рана.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од секојдневните настани бил расчепен надве - едната половина му е врела, гори, во сѐ бара вистина, сиот разум му е во неа, другата станува трупец под мраз.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И него како и другите го болеле нозете, во празнината на колениците легнувал студ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Те боли ногата?,“ праша брат ми. „Малку,“ реков. „Коленото.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Еве,“ рече брат ми, „скршнуваме зад овој агол и излегуваме на плоштадот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во мојата чета имаше од странските борци што се предадоа: Руси, Чеси, Полјаци.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден од нив го болеше ногата, му беше загноена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)