боли (гл.) - грло (имн.)

Ме болеше грлото и ме болеа ушите - ќе умре Лозан Перуника, како да ми шепотеше некој невидлив пакосник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Избројав во сивилото единаесет орлишта и слушав со горчливост на тага во стомакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Може го болело грло, од каде да знам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Знаевме за тоа, но никој не го прашуваше како му е, дали го боли грлото кога ја голта храната, заборававме секој ден да му ја мериме телесната температура, иако татко му ни кажа дека докторите рекле тоа задолжително да се прави.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)