ближи (гл.) - кон (предл.)

Иако се ближи кон шестата деценија, по својата виталност и активност тој прилега на момче кое е готово да прави хируршки интервенции уште многу години.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека возот се ближи кон Амстердам, гледаш толку многу населби, одобено од Утрехт па натаму, што не знаеш каде завршува една а каде започнува друга.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во неврзан разговор се ближевме кон универзитетскиот град Дармштат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пак сме на асфалтната патека. Се ближиме кон Платомон, не случајно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сите знаци од оваа земја констатитаат дека „мистеријата еполети“ се ближи кон конечното решавање: господинот Генерал сам потврди дека ќе го задржи местото на претседател и водач на вооружените сили.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тоа е чудна глетка: нож по кој блескоти разлеаната крв на сонцето и глава, на која вивти војнички фес, мустаќи набабрени, свиснати, што фосфоресцираат и сето тоа бавно се ближи кон него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се ближам кон куќата, и леле, цело скеле, целиот скелет ми се ниша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, зошто, како што се случува во соништата, времето на среќните денови се ближеше кон крајот?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Мајка ми? - се зачуди Иван. Очигледно моето прашање го збуни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Сега веќе верувам дека тој привид ќе се осветли, ќе се престори лик! – неочекувано гласно го изнесе својот заклучок - Да не произлезе најсетне дека сега се сети оти мајка ти, или некој друг, ти има кажано а ти, којзнае зошто, си го затурил сеќавањето - се обидов да се пошегувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, додека разговаравме за летото што ближи кон крајот, неочекувано, збунувачки неочекувано за мене, Иван изјави дека низ некој чуден превез сомнението постојано се труди да му прикаже нешто како привид.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Маргина 37 11 Маргина ~ - елеменши ~ на самосвесш ~3 Владимир Сорокин Можности Кога денот се ближи кон квече­рина, кога темното септемвриско небо зрачи со студенило и рамно­ душ­ност, а црните подруми - со здо­­дев­ност и јад, и несакајќи поч­ну­ваш да го забележуваш трепере­ње­то на своите бледи раце, сфа­ќајќи дека тие воопшто не треперат од влажниот, леден ветар, кој се вовлекува во коските, вкочанува, боде...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Време беше и јас да си одам. Мојот престој се ближеше кон крајот. Полека се подготвував...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Неговото раскажување се ближело кон крајот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
5 Го снемало, умрел. За таквите каков што бил Дмитар-Пајко обично се кажувало до заборав - умре по Поклади на патот кон Лесново, како што можело да се споменува, за него или за друг бележит селанец, дека се родил околу Задушници, кога овците на тој и тој ги нападнал помор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По ден, тогаш веројатно по последниот јасник во таа илјада осумстотини триесет и петта година, додека светлоста откосо се ближела кон рудината на која стоеле, нејасноста во очите на видовитиот не можела да им стане водач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак, и жеден, се почувствувал свечено на светлото катче на кое била распоредена бригадата со површност на номади и во нетрајни логори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш Игор Лозински му рече на Татко, а на тоа сега убаво се сеќаваше додека се ближеше кон крајот на истекот на реката, дека руската емиграција е нов феномен во универзалната историја на човештвото, што можеше да се спореди само со егзодусот на еврејската дијаспора.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)