ближи (гл.) - час (имн.)

Исповедал други, ќе се исповеда и себеси, ќе се ослободи од тежина што го јавала триесет и една година, значи од смртта на деведесетпеттодишниот Лозан Перуника, потоа ќе појде утре со пленетиот машингевер кон слава од која огнено ќе прснат легенди и идни спомени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ближеше часот на разделбата. Таа сакаше да останам што подолго, наслутувајќи дека ова ќе ни биде последната средба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се ближеше часот на закажаната средба во претседателската палата кога требаше на новиот владетел да му ја пренесам пораката од владетелот на земјата кого што го застапував и во која беше запишано дека се признава неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Чекал и дочекал - се ближи часот кога тој ќе го каже зборот со четирите полни шаржери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)