блеска (гл.) - од (предл.)

Кога се разбуди, веќе беше убав светол ден. Сонцето блескаше од сите страни.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Покрај сателитска, АДСЛ и таблет не знаевме точно што ќе ни е, ама вечерта снема струја од громовите изгоре модемот и блескаше од штекерите, па седејќи во темното се сетивме на транзисторот, и со радост го пуштивме.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
И не чекајќи ни да запре возот сосема, на знак на Белича, обајцата искокнаа на задната врата и преку шините што блескаа од утринската роса, се изгубија во темнината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Блескав од радост кога некој ќе побараше да му објаснам за производите и нивното дејство.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)