бил (гл.) - премногу (прил.)

Тоа би било премногу голема случајност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие се наде­ваа дека со помош на Хабловиот космички телескоп ќе го најдат она што го бараат во формата на бројните ѕвезди - црвените џуџиња, кои би биле премногу слаби за да се видат со земските инструменти; меѓутоа, кога моќниот Хабл ги пребара големите празни простори во нашата галаксија Млечен пат за коишто беше проценето дека ветуваат, наместо да откријат дека се посипани со црвени џуџиња и недостасувачка материја, покажа дека се празни како орманот на мајка Хабард или џеп во кој сте сигурни дека сте го ставиле клучот, патем начнувајќи уште една загатка: загатката на доказот дека космосот е неколку милијарди години помлад од најстарите ѕвезди во него, барем според начинот на кој сме навикнати да ги мериме нивните старости.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но сепак, не му се веруваше оти тоа би било премногу добро за братучедите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Маргина 37 69 Едноставно и двајцата сте биле премногу потресени, дошло до слом...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А ако не се памети, значи не сме биле... запиши дека сме биле такви какви што сме биле.... само не пишувај дека сме биле малодушни, зашто такви не сме биле; запиши дека сме биле премногу верни и премногу измамени, но истрајни и цврсти... така запиши...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како не си обрнал внимание на тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Горде се двоумела дали да абортира или да роди и во таа дилема младичот со ништо не ѝ помагал - ни ја земал ни ја оставал: да ја земе бил премногу млад, а да ја остави премногу слаб.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Поради тоа постои голема веројатност да дојде до двосмислености додека се чита низа од пиктограми, и се покажало дека многу такви писма биле премногу тешки или невозможни за дешифрирање.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)