бил (гл.) - посебно (прил.)

Па, тогаш, јасно е зошто ниеден геј-маж – барем ниеден геј-маж кого го преобразиле практиката на кампот и неговото радикално гледиште за родот и за општествената хиерархија – не би ви бил посебно желен да се поврзува со мошне феминизираните дејства на традиционалната машка геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од неа зависи сексуалното достоинство на геј-мажите, како и нашата еротска престижност и пожелност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Просветената идеологија на постоунволското геј-движење силно нѐ ободрило да ги отфрлиме, одречеме и надминеме таквите омаловажувачки клишеа – да докажеме дека се неточни, самите да станеме речиси нормални и да се издигнеме врз таа основа до еротска заедница на еднакви. ‌Мажественоста претставува не само средишна културна вредност – поврзана со сериозност и со достојност, за разлика од женската тривијалност – туку и клучна еротска вредност за геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јазиците на интеррегионалната размена биле посебно грчкиот и турскиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татковиот проект, во кој секој балкански народ би бил посебно претставен, заврши како што завршуваше секоја илузија на големите балкански автодидакти, поради големите празнини во историјата на нивните народи, во недостиг на институциите кои би го бележеле, континуирано, нивното сеќавање, како очајнички монументален подвиг.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По окупацијата на Грција условите за отпор биле посебно погодни во делот на Македонија322 под Грција меѓутоа поради слабите партиски организации отпорот имал ограничени размери.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Некој си другар Видерс, истакнат член на Внатрешната партија, бил посебно пофален и одликуван со Орден за исклучителни заслуги од втор ред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Својски и отворено да учествуваш во културни практики што изгледа дека изразуваат трансродов субјективитет или кои се обележани како женствени – било затоа што самиот настран сензибилитет се става на женската страна од традиционалната поделба помеѓу кралиците и трејдовите, било едноставно затоа што обожавањето диви или други женски икони би изгледало дека одразува длабоко идентификување со жените од страна на геј-мажите – е општествено и еротски ризична работа за геј-мажите, без разлика колку се горди и колку се прифатиле себеси. ‌Ете ја сцената од филмот на Норман Рене од 1990 г.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)