бил (гл.) - далеку (прил.)

Неколку минути по гасењето на светлината Орце го запалил фитилот во визбата, ги затворил ролетните на дуќанот и тргнал кон својот дом кој не бил далеку од Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Аргументите што Груев ги чул од Мечев биле далеку пореални и поубедливи од тие што му ги кажал Гарванов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дипломатските извештаи на солунските конзули, па донекаде и тие на грчкиот конзул, што биле составени 7-10 дена по Солунските атентати, биле далеку посодржајни и, се разбира, поточни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За разлика од Солун и Солунско, во Битолскиот округ Организацијата била помасовна, населението поподготвено и повооружено и ударите што би ги добила таа би биле далеку потешки и со пошироки последици од тие во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога по онаа ноќ се освестил, веќе бил далеку од смеата на душманите и се чудел зошто го болат коските и зошто е без мантија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пролетта довејувала далечен мирис на живот од пасишта, жолтавките не биле далеку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто да лаже кога навистина не знаел ништо?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако не биле далеку од своето село, од познатите огништа на каква-таква домашна радост, не можеле да се брзи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, местејќи рамо под уво додека со дланка си ги покрил очите во птичје умеење да ја заштити главата со крило, заспал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги буделе со студена вода и со удари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)