бил (гл.) - следен (прид.)

„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Поводот бил следен: поради силното раздвижување на чети и комити и засилените подготовки за востание, што за турските власти не биле тајна, надлежните воени власти, покрај другите мерки, практикувале ноќно време да праќаат пешадиски и коњанички патроли околу градот па и подалеку.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Планот составен на последното советување одржано надвор од градот бил следен: да се потопи францускиот брод; да се минира пругата во близина на солунската станица; да се запали резервоарот за газија, од што се осветлувал градот и да се дигне во воздух Банката; да биде запален Бошнак-ан и да почнат улични борби со бомби и револвери.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Билансот од атентатите бил следен: директно од динамитот на гемиџиите настрадале “Гвадалкивир“, Отоманската банка, кафеаните “Алхамбра“ и “Ноњо“, и “Бошњак-ан“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Текот на заседанието со посебни внимание бил следен и од присутните членови на воените мисии во Македонија, а посебно од шефовите на британската и американската воена мисија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од текот на заседанието посебно бил задоволен британскиот претставник.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А тоа прашање било: кои би биле следните чекори што би ги презел АСНОМ во врска со иднината на Македонија?
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Односно, дали Македонија ќе се задоволи со федералниот статус во рамките на југословенската федерација или ќе настојува преку федерацијата да го реализира обединувањето на Македонија во рамките на Југославија или во некој друг вид федерација, на пример балканска или во рамките на бугарско- југословенска федерација во која би влегол и делот на Македонија под Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
„Сакам да бидам карпа, таа е посилна од ветрот “, била следната желба на детето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)