бил (гл.) - решен (прид.)

Гемиџиите биле решени да трпат и да одбегнуваат секаков инцидент кој би можел да биде причина за провалување на нивната динамитна акција, додека Гарванов, пак од повеќе причини, а најмногу плашејќи се за својот живот, не се решил да ги испрати своите “терористи“ против нив76.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Бидејќи каналот бил готов, било решено да се одвои неопходната количина динамит за минирање на Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од тие причини, Британците биле решени со сите можни средства да се спротивстават на секој договор меѓу Југославија и Бугарија што како таков би бил само „првиот чекор кон евентуална федерација“, а во која, тие биле сосема сигурни, дека „првенство би им се дало на југословенските аспирации спрема Грција“. 148 Колку и да настојувал Черчил преку формирањето на единствената југословенска влада да задржи нешто од британските интереси во Југославија, сепак дошол до сознание дека Тито е еден од најголемите приврзаници за што поцврсто единство на КП и источноевропските земји на „народната демократија“, под неприкосновеното водство на советската партија и Сталин.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но Меклин, како искусен политичар, од разговорот со Тито сфатил дека сите прашања во однос на федерацијата биле решени меѓу Москва и Тито и дека само се подготвува јавното мислење за прифаќање на промените.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како што е истакнато, гемиџиите биле решени да се “арчат“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тито бил заговорник на идејата на монолитно еднинство на европското комунистичко единство на европското комунистичко движење со раководен центар во Москва.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Заклучокот на Меклин бил дека треба да се почека и да се види дали донесеното решение за федерација подразбирало формирање балканска федерација или "само некое спојување со Бугарија во советската орбита".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)