бил (гл.) - поставен (прид.)

Рече, дека тука некогаш била првата фабрика за обработување на дијаманти, а огледалата намерно биле поставени, за да можат преку нив да го следат движењето на непожелните „гости“ пред вратата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега сите што читаат весници знаат дека некој си полжав од арапско потекло цели четири години бил мртов експонат во еден лондонски музеј, па кога случајно го испрскале со вода почнал да го грицка картончето на кое бил поставен.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Македонија го заземала централното место на Балканскиот Полуостров меѓу реките Лудија (Мегленица) и Аксиј (Вардар). На оваа територија биле поставени и темелите на античката македонска држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со неговата мисионерска дејност биле поставени основите на христијанството во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Неговиот брат Константин (827-869) по завршувањето на школувањето бил поставен за библиотекар на цариградската патријаршија, а потоа заминал во манастир.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 893 од страна на бугарскиот владетел Симеон, Климент бил поставен за словенски епископ во Дремвицката епархија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Биле поставени и постојани римски гарнизони.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 337 г.пне. на Конгресот на сите елинските градови-држави (освен Спарта) биле поставени темелите на македонската хегемонија врз елинските градови-држави; бил формиран сојуз, прокламиран општ мир, неприкосновеност на приватната сопственост, забрана за распределување на земјата и ослободување на робовите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во времето на Самоил (во 969) биле поставени темелите на македонската православна црква.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со тоа односите меѓу ВШ и британските воени мисии биле поставени на официјално повисоко ниво.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со тоа односите меѓу ВШ и британските воени мисии биле поставени на офоцијално повисоко ниво.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дури не успеала да воспостави контакт со својата база во Каиро.74 Нејзините членови, веднаш по спуштањето, биле откриени од Бугарите, предадени на Германците и од Скопје биле префрлени во Софија.75 Без да биде запозната со судбината на првата мисија втората мисија била спуштена на 19 април 1943 година во штабот на Ѓуриќ кој бил поставен за “командант на Јужна Србија“ т.е. за подрачјето на поранешната Вардарска бановина.76 Откако британскиот оддел на СОЕ во Каиро дознал за фаќањето на членовите на мисијата на капетанот Морган, пристапил кон подготовки за испраќање на друга мисија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По враќањето во Татковината бил поставен за уредник во Редакцијата на новоформираниот весник “Нова Македонија“, станувајќи еден од неговите втемелувачи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Подоцна бил библиотекар при Градската библиотека во Скопје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Подоцна бил поставен за началник на Одделението за култура и уметност во Министерството за просвета на НР Македонија, а по две години бил преместен на работа во Комисијата за кинематографија на владата на НР Македонија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа две голини бил шеф на литературно-театарското одделение при Радио-службата на Македонија, во Скопје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И покрај тоа што биле поставени на брегот илјадници стражари како жив штит крај бункерите, земјата можела да биде нападната во секое време...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тие принципи добро биле бранети и потоа, кога, со доаѓањето на Гарванов за претседател на ЦК, за задгранични претставници биле поставени Димитар Стефанов и Туше Делииванов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На собирот на групата планот бил одобрен, но биле поставени две важни прашања: дали да се убие солунскиот валија Хасан Фехми-паша и, второ, дали да се убие претседателот на ЦК на МРО Иван Гарванов?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Под темелите на Банката биле поставени 11 тенекии добро наполнети со динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некои општествени теоретичари сугерираат дека треба да се зборува за „доцен модернитет”, додека јас му давам предност на терминот „постмодернитет” кој поттикнува поголема интелектуална одважност - ослободувајќи ве од врзаностите за одредени артикулации типични за модерните времиња.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Која е вашата средишна идеја кога станува збор за односот меѓу модернитетот и постмодернитетот? Би рекол дека постмодернитетот е модернитет за себе, модернитет што ја надминува својата неадекватна свест и достига до разбирањето на она што стварно е на дело, то ест, производството на амбиваленција и плурализам, и се мири со фактот дека целите кои првобитно биле поставени - рационалниот поредок и апсолутната вистина - никогаш нема да бидат достигнати.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во стаклен сад засветлен одвнатре, бил сместен тој несреќник од најблиската планета.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Покрај Циркускиот шатор, речиси до самиот влез на Циркусот, била поставена приколка во која бил прикажуван необичниот човек паднат од месечината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тој контекст, непосредно пред и по завршувањето на Втората светска војна, бил поставен и британскиот интерес спрема Македонија, интерес којшто бил дел од значајните политички движења без кои е тешко да се разбере повоениот развој на Балканот и пошироко на југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Крај чешмата биле поставени и клупи. Тие уште се тука но искршени, ишарани, изделкани, жални!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Била поставена за да не се поминува, за да не се гази тревата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Малку потаму, во зеленото паркче, во свое време била поставена чешма.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)