бил (гл.) - погоден (прид.)

Во тврдината почиваше меморијата на сите времиња: уште од праисторијата, некаде на преминот меѓу IV и III милениум, потоа скопското Кале, ќе го доживее периодот на етнолитската цивилизација, на околу 3000 години пред новата ера, потоа прастарите цивилизации од некои мистериозни причини го одбегнуваат ова место, за да го населат повторно некаде помеѓу VII и VI век пред новата ера, од IV до V век овде животот континуирано се одвивал, кога населбата на Калето била напуштена, потоа остануваат неколку векови без обележја на историска меморија, постои само еден нем сведок за присуството на големиот император на Источното Римско Царство Јустинијан Прима, тврдината Кале и античкиот град Скупи биле погодени од катастрофалниот земјотрес во 518 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мислам, зошто не напаѓаа токму нас?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зошто не ги напаѓаа бродвејските мјузикли во кои, во една претстава, имаше повеќе педери отколку во цел Фектори?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако тие напади би биле напишани на паметен и духовит начин, тогаш сите ние во Фектори би ги читале со нескриено задоволство, но ако некој би ги пишувал од „морално гледиште”, навистина би бил погоден.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Фаерабенд се запишува во офицерска школа, надевајќи се, залудно, дека тренингот ќе трае повеќе отколку војната.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Борејќи се против (всушност бегајќи од) Русите во 1945 год., тој бил погоден во рбетот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие бомби, што се активирале со палење на фитилот, на отворено немале урнувачка моќ, но затоа биле погодни за правење паника со својата силна бучава.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Според тоа, општо земено, судовите не биле погодно место за популаризирање на револуционерното движење во земјата и посебно во Европа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се сети на секирата, која во ваква прилика би била попогодно оружје, но не ја најде на вообичаеното место.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)