бил (гл.) - изложен (прид.)

Како резултат на тоа Првата македонско-косовска ударна бригада и британската мисија биле изложени на „серија на заседи и бевме гонети без ред без да бидеме во можност да имаме каков било одмор или храна“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поради тоа, црниот пазар и понатаму на криминалците ќе им овозможува остварување на високи профити, што главно не би ги ублажило денешните проблеми како што се корупцијата, криминалот и насилството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со тоа што уживањето дрога би се сметало за недозволено, но не и за кривично дело, укинувањето на кривичното гонење би ги обесхрабрило истражувањата и ширењето информации во врска со дрогата, би оневозможило било каква контрола на квалитетот или дозирањето, а малолетниците и понатаму би биле изложени на искушението кое го претставува трговијата со дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Неговите искази беа со нагласок на фактот дека со неговото враќање во Југославија тој би бил изложен на антирежимски и натикомунистички третман. Ќе скапам по затвори, повторуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нивните семејства, останувајќи без својот хранител, биле изложени на глад.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во своите спомени П.Шатев накратко кажува за мачењата и другите жестокости на кои биле изложени затворениците, меѓутоа, за тоа каков бил односот на затворските власти кон гемиџиите, речиси ништо не пишува.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нивните семејства, останати сами, биле изложени на глад и страдања.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Прогонетите мажи, исто така, немало што да работат, па и тие биле изложени на глад.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„д.в.а“ Во својот особено вреден труд за траумата, психологот Robert Jay Lifton го идентификува преживеаниот како „оној што ја сретнал, бил изложен или бил сведок на смрт и успеал да преживее“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во овој есеј, сакам да ја теоретизирам деструкциската уметност во термините на нејзиниот сурвивалистички дискурс, како и контекстуализацијата на нејзиниот историски проект.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Kay Itoi ТОКИСКИОТ МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ -Поп и предрасуди- Ниеден музеј во Јапонија никогаш не бил изложен на таква бура од прекори, како онаа што го погоди Токискиот Музеј на современа уметност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но, не би се ни нафатил да му ја кажам на Кевин Авијанс – сјајниот афроамерикански изведувач кој во 2000 г. и во 2001 г. одржа две работилници на мојот предмет „Како да се биде геј“ – иако во 2006 г. веќе не беше во своите дваесетти години кога пред еден геј-бар во Ист Вилиџ му ја скршија вилицата пет-шестмина типови што го нападнаа урлајќи антигеј-навреди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сега вака подостарен и премислен, се прашувам како тоа тинејџерите ни се крунските авторитети за геј-културата и за нејзината сегашна релевантност и од каде тоа нужно мора да го мериме континуираното значење на геј-културата проверувајќи како поминува кај најмладите геј-мажи, односно кај оние што тешко дека биле изложени на неа или воведени во неа, а кои во секој случај за неа не знаат речиси ништо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Претставата дека традиционалната машка геј-култура е сосема безначајна и нерелевантна за помладата генерација или за наредната нова генерација е претстава што ревносно ја заговарав кога се сметав за припадник на една таква генерација, а тоа беше на времето, во 1970-тите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот на краиштата, Џуди Гарланд баш и не ѝ беше некоја икона на мојата генерација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се повлекувале по гол простор, исто така бришани со оган како осуммината горјани пред некој ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои од оние што биле во засолништа во кои ни од грб не ѝ биле изложени на смртта, виделе: коњаникот во паѓањето ја пуштил сабјата за да се пречека на раце и додека се обидувал да извлече од својата стуткана здебеленост нож или кубура, Онисифор Проказник се фрлил врз него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од сите страни непрестајно стигнуваа жалби дека грбовите и рамената не само, да речеме на титуларните, туку дури и на најтајните советници, им биле изложени на сигурна настинка поради ноќното одземање на шинелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имено, позорникарот на некојси кварт во Кирјушкиновото сокаче веќе го беше фатил мртовецот за врат на самото место на престапот, кога се обидувал да му го симне дебелиот волнен шинел од некој си музикант во оставка, што во свое време свирел на флејта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)