бил (гл.) - задоволен (прид.)

Од заклучоците на Заседанието особено бил задоволен британскиот шеф на мисијата Милер.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тоа обединување на полето на сите сфери, од некаде ми беше познато, прочитав некаде една НОВИНА дека: уште пред нашата ера Македонската силна Династија, Кралството Македонија, предводена од Големиот Александар Македонски- чии цели и определби беа сосема исти: создавање на еден развиен свет, во кој секој би бил задоволен, би цветала трговијата, културата, изградбата, напредок со соединување – преку мешање на разните култури, но и да се сочуваат националните обележиа на народите во светот. Зарем тоа не била идеа на глобализација?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Потиснувајќи го својот глад за храна со жита и овошје и гаснејќи ја жедта со вода, човекот не бил задоволен и открил начини за ферментирање и дестилирање на житата и овошјето за да направи алкохолни пијалаци.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Не, не... Со парен број не би бил задоволен“,ѝ рече авторот на Летка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но и покрај поделбата ниту еден од нив не бил задоволен од она што го добил.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Знаел дека му служи на македонското револуционерно движење и на делото за ослободување на Македонија - и со тоа бил задоволен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Па, кога вам ќе ви текне – со мајка ви, а кога ви се игра, кога ви се гледа телевизија, кога ви се оди со деца на летување, тогаш нека седи мајка ви дома и нека ве чека.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тогаш би биле задоволни, нели?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вие повеќе од година дена живеете одделно, а колку што можев да разберам од вашето кажување, и вие не сте биле задоволни од тој брак, од тоа семејство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од текот на заседанието посебно бил задоволен британскиот претставник.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Импресиите од заседанието, веднаш по неговото завршување, мајорот Милер ги доставил до координаторот на мисиите во Југославија, Фицрој Меклин.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
1 Иако Кукулино имало седумдесет и шест куќи, речиси сите полегнати до самото подножје на планинската црногорица, само четириесет и тројца домаќини, оние што биле тешкораки и тврдоглави, урнале дел северни карпи, ги раздробиле и подигнале свои воденици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа пресметале колку што умееле и биле задоволни - суви, ковчести, долгозаби, повеќето од половината со руси заткарпатски бради: во мракот на ѕидиштата, освен воденичките камења што ги немале, можеле да се згрчат двајца: едниот да оглувнува од тракањето на прплицата, безгласен и со сув душник под дрипавиот минтан, живо тесто од крв и брашно, другиот со воздишки да стои зад прозорчето и со секира или кременка да ја брани селанската мака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)