бил (гл.) - добредојден (прид.)

Ех, како би бил добредојден еден непостоечки Дедо Мраз да го врати во детството, во она време кога добиваме играчки и покрај тоа што не веруваме во него; кога самото постоење е доволна причина да се биде сакан; кога нашата прегратка е награда за возрасните, а насмевката е топлина за присутните во собата; несмасните зборови се причина за развеселување, a едно одење до продавница изнудува пофалба.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Не биди дете, кој може да дознае каде престојуваш, а парите за кирија би ти биле добредојдени за џепарлак.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)