бил (гл.) - верен (прид.)

Но чевлите не би биле верни ако, по долго талкање, не се вратат дома сами, како верни кучиња, и ако едно утро не ги дочекаат стопанинот пред сопствената врата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кој ќе запише дека живот сме точеле длабоко вжилени во прадедовата и дедовата земја на која премногу и сме биле верни?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гемиџиите биле верни до фанатизам еден кон друг и не чувствувале никаква потреба за контрола.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во нивните исплакани очи секако веќе и немало солзи: Господи и мајко богородна и Гавриле Лесновски, стоплете им ги душите на Богдан Срменков (дванаесет години) на Горан и Јордан Пенков (тринаесет и шеснаесет години), на Салко Пребонд (петнаесет години) и на Климент Темелковски (шеснаесет години), но коските молчеле далеку од сите очаености на живите, и му биле верни на чудесниот спокој што ни бара ни прима утехи во својот заборав за она што е ден и она што е ноќ, за сѐ што е грч на тегоби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И останале со положени дланки на плочите и со молитва од која само усните им потреперувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Албанскиот муслиманин не им се потчинува на доктрините, ритуалите и церемониите, тој не бил верен на обврските од својата поранешна вера и затоа Отоманците ги гледале со преѕир.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Иако јас на другарот Едо Бранов сум му бил верен како куче од денот кога тој мене ме зеде тука да работам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)