бил (гл.) - против (предл.)

И веруваше дека Стерјо е убиен од тие што биле против нивната љубов. Од неколкумина мажи од Крушица.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Султанот би бил против, ама зар султанот ќе знае?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но Гого, сосема случајно, онака патем или под јазик, разбра дека токму тие биле против него, со образложение дека е толку темпераментен што е просто напросто неорганизиран, а како педагошки правилно ќе влијае врз децата, кои во начело, нели, треба да се подложуваат на дисциплина, па и на ликовната дисциплина; тоа се однесувало на практичната настава, а пак што се однесувало до теоретската, познато е дека односниот бил потпросечен по успех уште во своето школување, па секој незавршен студент по историја на уметноста би бил посоодветен од него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓутоа, тој решително бил против непотребни и невини жртви.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дали Турците или некои други комити што биле против овие. „Ајде, јади, од својот отров, му велеле, од својот зер труј се“ , му велеле и му сечеле меса од рацете, од лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Всушност биле против власта на државата и на црквата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)