бил (гл.) - народ (имн.)

Всушност, тие според брат ми во тоа време уште не биле народ, затоа што, пишуваше, биле сѐ уште само „семитски племиња“ населени во „гранична провинција“ и од нив, здружувајќи ги, Мојсеј ќе создаде народ, со цел да ја шири верата во едниот и единствен Бог – Атон, па со нив тргнал во потрага по светата земја.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На ден Богоројца, кога биле народот во Варош во црквичето Пречиста (здрава је и ден денеска), у литургија чуле еден трескот голем од зад Маркои кули и дури се исплашиле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По неколку дни не можат да го видат зверот (некој ми прикажуал оти ламја била, а друг - гуштер со крилја) да летет од манастир на двор и да шетат, по пакос да чинат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не бил народ тој што имал проколнат јазик, тврдат фанариотите!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дејвис, при ова, несомнено тргнувал од начелото дека „американското единство“ е неопходно нужно за успешно водење на војната и дека мора да се оневозможат нацистичките планови за поттикнување на едни Американци против други.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Без поразот на Хитлер нема да е можно ниедно здраво уредување за народите на Југославија ниту за кои било народи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, тие луѓе не можеле да се откажат од своите стари верувања, од своето семитско многубоштво, а секој што ќе се откажел од вербата во новиот Бог бил казнуван, по Мојсеева наредба, од неговите блиски приврзаници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)