бил (гл.) - живот (имн.)

Ја викнаа жена му на Андро, Андрица, и ја распрашаа за сите подробности: од кога се заедно, каков им бил животот, се карале ли некогаш и зошто; која била причината што немале деца: не сакале, или не можеле да имаат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Да не се сонувањата колку груб би бил животот - ... Ете, насон сме се виделе - сме си ги кажале маките...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
ТЕОДОС: Јас на овој ред! Јас ова да го дочекам, во мојот живот... (Со длабока воздивка.) Е, што бил животот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Така си замислував каков би ми бил животот ако останев со некој од нив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
— Значи, кој ќе ја извлече подолгата, подолг му бил животот, а кој ќе ја извлече покусата — покус, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
АРСО: Во животот, Теодосе, има многу пострашни работи. А најстрашни се: лошо срце, лакомо око и граблива рака.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Јован се затресе целиот. Раката се подаде и двата прста ги фатија обете сламки, но тој не оптегна веднаш да ја извлече едната.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)