бил (гл.) - дело (имн.)

Тие во прво време биле дело на врховистичките чети или на Борис Сарафов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еден од важните “аргументи“ со кои требало да се убедат силите дека солунските настани биле дело на единствена револуционерна организација била употребата на динамит од страна на четите во борбите со аскерот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За многумина станало јасно дека пожарот на “Гвадалкивир“ не бил случаен, туку бил дело на една координирана акција на револуционерните комитети што ги имало насекаде во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Атентатите биле дело на гемиџиите - мала група, составена главно од младинци што се надевале дека преку еден голем подвиг против европските претпријатија во Македонија ќе ги принудат големите европски сили да се погрижат за давањето автономија на Македонија, за што, по силата на Берлинскиот договор од 1878 година, биле морално задолжени.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Германија наполно се солидаризирала со султанот и со неговото тврдење дека револуционерните настани во Македонија, наводно, биле дело на Бугарија, а не продукт на султанскиот систем на владеење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сега Високата Порта била живо заинтересирана да ги убеди големите сили дека “анархистичките злосторства“ во Солун биле дело на Револуцонернатата организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Некои книги, како “Бог и науката“ од Л. Бјухнер, “Жената и социјализмот“ од Бебел, “Сибир и заточените во Русија“, “Подземна Русија“ и други од Чернишевски, “Речи и прокламации“ од Иго и други, биле дела што некои од учениците ги читале со поголемо внимание отколку книги во врска со редовните предмети6.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
20 Сосема аргументирано може да се истакне дека настаните од 25 до 27 март биле дело на британската разузнавачка служба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
21 Со демонстрациите и со воениот удар од 27 март, предводен од генералот Душан Симовиќ, бил отфрлен договорот за пристапување кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)