бил (гл.) - генерал (имн.)

Семјон честопати ќе ми речеше дека Борис Степанович сторил убава работа кога не му даде потврда на Ролан Јаковлевич дека бил генерал во Царската Руска Армија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И Фоте не би бил генерал ако не смисли некој излез, како што беше генерал по заслуга ама без војска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој пак, некогаш бил генерал, ама се оженил за Германка и му го симнале чинот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам да речам дека никогаш не се узна дали биле генерали или не.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)