бил (гл.) - врска (имн.)

Вистинска идила, гледана однадвор, е бракот на двајца кои веќе и златна протераа, па таа го носеше истиот бел фустан од она време и на вечерата што децата и внуците им ја приредија во „Воденица“ или „Коленица“, што мене ми асоцира на кланица затоа што тоа ми е повеќе еквивалент на нејзиниот живот, во кој повеќе гипс никој не ставил на себе од неа, а сѐ било закукулено и завиено во магла, а тој бил секогаш изземен од каква било врска со вина за сите нејзини случајни падови по скали во куќа која има само приземје.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Умно речено! Но каква била врската со казанот, баклавата и побуните на јаничарите?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Превртувањето на казанот, прифати Татко и одбивањето на баклавата биле знаци за буната на јаничарите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само тие биле врска со синот. На гробот не давала ништо друго да порасне, освен цвеќиња.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој ден, на кинизбот, простум останала ничкум на гробот и непрестано липала.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тие и денес течат и шепотат за безграничната мајчина љубов и болка.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)