бил (гл.) - некој (зам.)

- Тоа бил некој комита! - рече инженерот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А сите тие приказни почнуваат вака: “Во старо време живеел...“ или пак “Бил некој старец...“ а најчесто “Било едно дете... “
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Не е рано, татко ми вели дека на децата им е потребен сон за да растат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И тоа ми бил некој фазон! – велам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Навистина тогаш мислел на одмазда, во родот чија крв наследил се знаело за неколку одмаздници ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бил некој Казим, внук на Јонуз Речанец, потурченик и борец од времето кога Пиколомини го палел Скопје.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или навистина стануваше збор за неразјаснетите текови кои користејќи го нашето невнимание не туркаат по некој пат за кој можеме да тврдиме дека не бил некоја наша свесна определба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А стварно царот бил некој терсене човек, сѐ што ќе видел сакал да биде негово.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Некојпат - почна Евто да раскажува, - во турско време, бил некој сиромашен рисјанин.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Стопанот, кај кого работел, бил некој добар човек и извадил петолирка, им ја дал на неговите другари за да го гледаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)