бил (гл.) - уништи (гл.)

Со тоа било уништено лозарството како сериозен стопански фактор во животот на градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во едниот од нив имало шест вагони полни со Германци и Балкомбетар172 (Албанци) кои биле уништени“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Како да се грижиме за животните и птиците во зимски услови, како да се постапува, а при тоа дадоа податоци дека на Водно биле уништени - од несоодветни непознати сторители - тотално биле уништени хранилиштата и солиштата за дивеч и куќички за птици - кримилници за птици, направени и поставени од малкуте вработени во Парк-шумата Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Долнец пак јас го истражував во поединости, особено по она што го откри Симон, но се покажа дека не може да се најде никаков пишуван документ што би зборувал за долнечкото стрелање. И да имало, тоа било уништено.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој не се задоволуваше само од основната информација во енциклопедискиот речник на Емил Литре, чии шест големи тома ги донесе од Париз, дека јаничарот бил војник на турската пешадија кој му служел на Големиот Господар, а јаничарската војска, создадена според едни од Орхан во 1330 година, а според други, од неговиот син Мурат I во 1362 година и во неа биле регрутирани христијански заробеници, била уништена од султанот Махмут II во 1826 година, туку посебно инисистираше да се внимава на дополнителното фигуративно значење, кое го претстави авторитетно на својот негуван француски јазик: Il se dit (des janissaires), en mauvaise part, des satellites d` une autirit quelconque!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)