бил (гл.) - смести (гл.)

Што се однесува до сестра му, таа можеби била сместена, како и самиот Винстон, во некоја од колониите за бездомни деца ( ги викаа Поправни центри ), кои се беа намножиле како резултат на граѓанската војна; или можеби била испратена во логорот за принудна работа заедно со мајка му, или пак на некое место за да умре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓутоа, по молба на францускиот конзул, сите членови на посадата биле сместени во болницата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Овој кварт, во кој се наоѓала Банката бил познат како „Франк-маало“ и тука биле сместени уште католичката катедрала, француската болница, женското училиште раководено од француски сестри, американската и шкотската мисија, солунската банка и голем број магазини на крупни трговци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во него биле сместени, покрај генералните конзулати на големите сили и на балканските држави, и повеќе трговски претставништва и агенции на западните земји.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во долните две соби, лево, на страната од Стрелеско, бил сместен Симон.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Видел како ги довлечкуваат врзани луѓето и потоа, од кај црквата, каде што бил сместен штабот на бригадата, ги слушнал рафалите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ги броев во себе глупостите што можеа да бидат искажани токму во овој момент, но единствената вистина што ги надвишуваше сите умувања и шепотења беше сепак неповторливото сипење на грутките врз сандакот и нивното тропотење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Посакав да седнам и тоа токму на плочата под која одамна веќе бил сместен некој (времето му ги беше избришало од паметникот сите податоци). но не поради умувањата на Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одиме и ја бараме куќата во која сме биле сместени и.. ја најдовме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Остануваат во оваа барака уште неколку дена по породувањето, а потоа ги враќаат во бараките во кои биле сместени при доаѓањето во Терезин, и веднаш почнуваат со работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има една барака во која неколку жени се грижат за новороденчињата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во стаклен сад засветлен одвнатре, бил сместен тој несреќник од најблиската планета.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Седел на обичен дрвен стол.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)