бил (гл.) - прими (гл.)

Откако бил примен лично од Махмуд II и лично од него одликуван со орден, добил и три царски фермани: едниот да смее да носи оружје во секое време и пред секого, вториот да седи во Покраинскиот меџлис и да го заштитува народот од сета Мијачија и од сета Деборија, и третиот, кој бил издаден лично на негово барање, да смее да подигне џамија во Лубаново и црква во Лазарополе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој отфрла многу од старите митови за Македонците кои биле фабрикувани во Бугарија, Грција и Србија, а кои без коментар биле примени на запад.361
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На пример, точно е дека Никола Поцо бил примен од султанот Абдул Меџид и дека добил ферман за уредување на проблемот со даноците и за градење на црквата. Како успеал, тоа е друга работа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За време на престојот во Југославија Христов бил примен од Претседателот на ФНР Југославија, Јосип Броз Тито, и од претседателот на Владата на НР Македонија Лазар Колишевски.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Приближно во тоа време, пролетта 1900 година, во Кружокот бил примен и Павел Шатев, кој тукушто ја завршувал гимназијата, така што, за разлика од Цариградскиот кружок, кој броел три лица, Солунскиот бил неколку пати поброен и дејствувал дома, во доста поинакви услови отколку што ги имале Мерџановци во Цариград.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во Софија бил примен од министерот за надворешни работи, Богдан Филов.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во меѓусебниот разговор Донован истакнал дека и покрај тоа што не ѝ припаѓал на партијата на Рузвелт, сепак на Балканот допатувал по негова наредба.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Се врати Андре Декостер во Париз, презадоволен од високиот прием, никогаш не бил примен од претседател на република, макар што во педесетина земји ја пренесувал козјата технологија, но остануваше резервиран од капацитетот на надлежните и потенцијалните козоодгледувачи да ја разберат модерната технологија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас не знам што му стана нему.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Многу малку психијатри можат да бидат сведоци на вакво нешто сега, бидејќи процесот би се запрел или трансформирал со лекови и електрични шокови доколку бил примен навреме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пред средствата за смирување, електрошоковите и лоботомиите, третината од сите оние што доживеале нервен слом и со дијагностицирана психоза биле примени во болница, покажуваше тенденција потполно да се среди и да излезат за три месеци, и тоа без било каков третман, којшто денес по правило се дава веднаш по приемот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Колку што ми е познато, единственото испитување во психијатријата што направило споредување меѓу таканаречените нелекувани луѓе во некоја простојна околина и луѓето лекувани во клинички контекст, покажа дека опоравувањето на психијатриски нелекуваните личности е подобро од оние кои се правилно лекувани во психијатриски контекст.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)