бил (гл.) - пренесе (гл.)

Сиџилите биле пренесени! Ова, неколку пати, при свечени собири, му ги параше ушите на Сокол Мечевски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
364 Затоа не треба да чуди загриженоста во Форин Офис и од информацијата на шефот на британските воени мисии во Југославија Фицрој Маклин од 21 јануари 1945 година во која било пренесена изјавата на Јосип Смодлака, повереник за надворешни работи на НКОЈ, за согласноста на бугарската влада “конечно да ѝ ја отстапи бугарска Македонија на Југославија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Потоа бил пренесен во Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но се чини дека Монголците одиграле пресудна улога, преку нив барутот да стане и оружје на Османската Империја? продолжи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долго време се сметало дека во Европа барутот во XIII век бил пренесен од арапската цивилизација, заедно со некои други пронајдоци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Соборот започнал во Ферара во 1438 година а наредната година бил пренесен во Фиренца, каде што се одржале најзначајните разговори.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Можеби преписот од букви бил сочинет, но штом бил пренесен од исток на запад, под светилна инаква од онаа во која е роден, буквите се преобразиле во бројки.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Овој динамит од Цариград бил пренесен во Солун во две буриња етикетирани како риба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Исто така, на 25 март 1941 година, во весникот „Сан Франциско хроникал“, била пренесена информацијата за демонстрациите во Битола, каде што демонстрантите барале да ѝ се приклучат на грчката армија во војната против италијанските фашистички агресори и дека во „Скопје и Цетиње, два силни комунистички центри, илјадници само ги повторија, со поголема жестина, демонстрациите од вчера“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, на 27 март 1941 година и „Њујорк тајмс“ се осврнал на демонстрациите во Скопје, при што демонстрантите се собрале на „главниот плоштад и пред седиштето на Банската управа“ извикувале пароли со кои се барало Владата да поднесе оставка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во истиот број била пренесена и информацијата за демонстрациите што биле изведени од „Македонците кои имаат врска со Бугарија“ и кои се надевале дека „нивниот дел од Југославија (се мисли на делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија, б. м.) ќе ѝ биде даден на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Инаку потребата да се појави за да ме зазбори и овојпат Привидот ја оправдува со една моја забелешка, што божем негде ја имам речено (а којзнае што сум рекол и што му било пренесено!).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)