бил (гл.) - изврши (гл.)

Стег, како и некои други конзули, најголема заслуга за тоа што во Солун не биле извршени големи масакри му припишува на валијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Откако задачата еднаш беше извршена, во никој случај не би било можно да се докаже дека било извршено какво и да е фалсификување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Предлогот за убиството на валијата едногласно бил прифатен било решено тоа да се стори неколку дена по атентатите, зашто, ако би било извршени порано, би можело да предизвика рации, одмазди и апсења, во кои би настрадале и некои од гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, во Долнец, стрелањето било извршено. Таму сега водата го подјаде тлото и го извади случајот на јаве.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од 2 до 7 мај 1903 година, во Смилево се одржал конгрес на кој било донесено решение за кревање на востание на 2 август 1903 во II Битолски револуционерен округ на ТМОРО.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Дали гемиџиите не размислувале дека, уривајќи ги капиталистичките објекти во Солун (без разлика колку и да го штеделе цивилното и невино население), создавајќи ужасна паника и растројство во еден така важен град за Турската империја, ќе дадат повод за извршување на слични масакри врз сопственото население, какви што биле извршени врз Ерменците?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Романизираните староседелците (Тракијци, Илири, Македонци, елински племиња и Келти) во добар дел биле доминирани од Словените, а биле извршени коренити промени и во топонимијата на Балканот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 29 април 1903 биле извршени солунските атентати.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)