биде (гл.) - сосема (прил.)

А за да биде сосема приврзан за неа, Митра ја излеваше сета своја женска нежност и му го правеше животот пријатен, толку повеќе што и таа не го сакаше својот стар маж Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Три нешта На внука ми Ирина Пред засекогаш да се поздрави со светлината и сѐ друго што се обидуваше да распознае низ неа, тој слушна нечиј глас кој не можеше да го одгатне: да не би да си заборавил нешто да довршиш за да си бидеш сосема спокоен?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Значи, седам во мојава соба, на прозорецот, гледам во потокот, Борче, не знам што му текнало, учи нешто во неговата, т.е. во собата на брат ми, што е сега привремено негова и, веќе реков, ги имам сите предуслови да бидам сосема среќна, а не сум.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Една мисла ми ја поматува среќата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не ќе се најде ли некој, што ќе го пречека нанишан некоја вечер, без многу да му ја мисли што може да му се случи после, некој, кому ќе му биде и премногу стемнето пред очите, за да не може ни да се обѕрне на тоа; да му биде сосема сеедно тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Сите млади обично се такви. Напати и непресметливо злочести. Треба да си похрабар и поснаодлив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако им речеше на пример дека јас сум ти татко ќе видеше како лицата ќе им се преобразеа“, ми вели Даскалов и се смее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„А зошто не им го рековте тоа вие? Татковците се секогаш похрабри од нивните деца“ му велам јас но тој не се согласи со мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Не биди сосема сигурен дека се шутраци“, си замислував Даскалов како ме теши со она потчукнување по моето рамо.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Краста: Како кој? Па Носко. Вечерва ќе се заљубиш во Носко, но тоа воопшто нема да биде обична љубов.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Носко ќе направи да те обземе треска, а од утре...од утре ќе бидеш сосема ново девојче.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Блескотната светлина им ги подзамижува очите, а чадот и силната миризба на темјанот додека палат свеќи за живите и за мртвите полека како да ткајат едно невидливо платно околу нив што ги одделува од многулудната маса за да можат да бидат сосема сами кога ќе дојат да се поклонат и да ја целуваат мајката Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Недоносената“ кула е обвиена во сивило, на неа има обесено долги знамиња што се виорат на сонцето, денес е денот на отворањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пратија гласници до нас: предајте се и веднаш слезете, кучкини синови, имате ултиматум од шест часа, потоа веднаш ќе отвориме оган со пушки, со митралези, со топови, за вас, копилиња, ќе бидат сосема доволни. Некој валкан Јуда, значи, сепак нѐ предал.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ми помага само со сенката. Оти сенката иди со мене, по мене. Не ме остава да бидам сосема сам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)