биде (гл.) - обично (прил.)

Сакам да бидам обично дете, со обични раце!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Биди обично дете! - рече старецот и го снема како и да не бил.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не, тоа не ќе биде обично разделување и една младост попусто измината, разделбата ќе прилега на цврсто прегрнување на некој превој непознат далеку во иднината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
А има ли нешто поубаво од тоа да бидеш обично дете, како сите деца!?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А има ли нешто поубаво од тоа да бидеш обично дете, како сите деца!?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)