биде (гл.) - заедно (прил.)

Грета: О, не, Дики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе ти зазвучи чудно, но убедена сум дека и утре јас и ти ќе бидеме заедно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Важно е моето поведение. Затоа, со поглед ѝ давам знак, ѝ кажувам да не се грижи, дека не сум заборавил, дека веднаш по свечаноста пак ќе бидеме заедно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ќе бидете заедно, - одговори Никола, - но внимавајте да не направите некој магарштилак...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Најпосле ќе бидеме заедно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие патуваа за Луксембург па и патот нѐ врзуваше да бидеме заедно до Кобленц.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Многу е арно тоа, ќе ми рече. - Е ајде тогаш јас и вие да си бидеме заедно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беа двојка, како два орева во една кафтица, родени да бидат заедно во животот и во смртта, како што пишува во светите книги, па луѓето веќе и не ги замислуваа инаку освен како сраснати ако не родени во љубовта и за љубовта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Верувај, мило ни е што цело лето ќе бидеме заедно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Максима го сака, работата на Имотот ги изнесува постојано да бидат заедно, но Јосифа го чувствува поблизок, разговорот со него му е поускладен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дали им се чини прифатлив?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дали овој начин да бидат заедно најмногу им одговара?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, од друга страна, со тоа што ми заповедаше да тргнам со неа, таа покажуваше бесна немоќ, и тоа беше симпатично. (Боже, можно ли е да сум бил толку незрел и глупав за да не сфатам што сакаше Луција да каже со тоа, и дека бараше да бидам со неа на еден општествено дозволен начин, како другар од партијата; зарем бев толку глупав да не сфатам дека тоа беше единствената форма под која можевме тогаш да бидеме заедно, тогаш кога партиската свест беше посилна и од свеста за физиолошките потреби?) За да ја развеселам, реков дека ќе потпишам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа кога ќе одиш во гимназија, нема да бидеме заедно.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Ама дотогаш…,“ реков. „Ќе ми биде тешко додека не се вратиш.“ „И мене,“ рече Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тоа значи дека си заминувам од Виена,“ рече Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Еден ден пак ќе бидеме заедно,“ ми рече Рајнер на разделба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа ми подаде еден лист хартија што го држеше во раката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тоа значи дека ние одново можеме да бидеме заедно,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И потоа ја гушнував перницата, помислувајќи на неговите зборови дека еден ден ќе бидеме заедно, па посакував да заспијам и да ги преспијам сите денови и ноќи кои треба да поминат до тој ветен ден, и тогаш да се разбудам. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Наутро, кога моите сестри и помалиот брат заминуваа во училиште, а Зигмунд на предавања на универзитетот, и откако мама одеше да му помага на татко во продавницата, јас го вадев од под тепихот, каде што го криев, оној лист хартија на кој беше нацртан ликот на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„За да ни биде полесно – да мислиме на оној ден кога ќе бидеме заедно.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во долината на вечното спокојство ние ќе бидеме заедно и сами.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Може од утре да не бидеме заедно, вели, којзнае кој куршум не мисли отаде ридовине, вели. Ја кревам главата и гледам отаде ридовите. Во празното небо, оголено и изгребано.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, нашите души водеа љубов. Трагаа кон светот што ќе не однесе таму, каде што тие ќе бидат заедно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
За неодредено време ние бевме одделени еден од друг, не смеевме да бидеме заедно на ниедно место во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
“Светот е мал и ние еден ден пак ќе се сретнеме, некаде пак ќе бидеме заедно,” си шепотеа двете, топло гушкајќи се во џипот на Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Следното утро Ема по телефон ѝ кажа на Илона дека сè е договорено. Ѝ рече дека Шефот ја одобри акцијата за која во Прифатниот центар никој не смее да знае.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Посака, над сѐ, да имаат некое место на кое би можеле да бидат заедно и сами, без чувство на обврска дека мораат да водат љубов секогаш кога ќе се состанат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Можеби ќе бидеме заедно уште шест месеци... една година... не се знае.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Целта на моето одење во САД беше да бидеме заедно во тие тешки моменти.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ми предложи да ме земе кај него во Сиетл, извесен период да бидеме заедно.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ископајте му гроб покрај мене и ставете му ја сликата, барем по смртта да бидеме заедно...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Подобро ќе е, додека не се излечеме од оваа каша, да бидеме заедно. Да продолжиме, капетане?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Каде ни се заборавените зборови пред кои запиравме како пред можност да се најде изгубеното каде се зборовите дрочни со смрчки зборовите што нѐ попрскуваа со нектар и семе по крилцата и ципите срамежливи и бесрамни зборовите заради коишто капаците би си ги склопиле и би се префрлиле слободно во другото тело како во свое во своето како во туѓо по архимедовиот закон со озрачени души да не останеме полуживи и сами вечно и од јазикот да се откажеме доброволно, како од љубовта при сѐ што сакавме да бидеме заедно уште, огин-и-ништо залудно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога заодеа во петто одделение бараа да бидат заедно во иста паралелка.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Одговор: Инсистирате на тоа да бидат заедно?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нема да останам во минатото, љубовта не е дух, судбината не е предодредена, судбината ја градиме ние, не се откажувам, не е завршено, бескрајот е последна станица а во следниот перон сум јас, тргнав за да бидеме заедно, зошто никогаш не се изгубивме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако не можеме да бидеме заедно, ако неможам секој ден да ти покажувам колку те сакам, останува да се надевам дека барем понекогаш се сеќаваш на моите лудории кои ти правеа рингишпил во главата, кои те скокоткаа и блага насмевка ти се појавуваше на усните.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најдов сила да простам, во моето срце има место за една љубов,дојди и кажи ми една добра причина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се надевам дека дождот некаде ти ја мокри косата како и мене и кога животот нема да ти биде лесен, кога ќе бидеш налутен и скршен ќе се сетиш на мене и колку беше лесно да се живее животот и топлина ќе ти ја обземе душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Другиот ден Ивана и Нина со прегрнување, скокање и извици ја искажаа сопствената радост дека за зимскиот распуст ќе бидат заедно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се искашла со валканата чизма јa згмечи цигарата и рече: - Ние денес до пладне ќе бидеме заедно и заедно ќе учиме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие диво прескокнуваа сѐ што беше обично и секојдневно, и бидејќи пречките да бидат заедно беа непремостливи, таа силина на чувствата всушност го содржеше во најголем дел и отпорот спрема таа непремостливост.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Бреза, Бреза, мала, голема моја, тоа не е можно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми вели, тоа е ништо, чиста беда во споредба со Канскиот, Венецискиот, Московскиот и Сансебастијанскиот, каде што оди мајка ми, и дека ни „фрлила само коска” што нè викнала да бидеме заедно со неа, а главното не нѝ го овозможила никогаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можеби е во право, ние би сакале да нè однесе на некое од тие прочуени места во други држави, каде што се собираат најголемите филмски ѕвезди, за да ги видиме во живо, како што таа ги гледа, ама и во Битола не беше лошо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што би можел тој да прави сето ова време?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа целото време што го имав го минував со Ивана, за да можеме што повеќе да бидеме заедно пред разделување и така, ете, се случи на Игбал воопшто да не помислам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако ти престанеш да сакаш да бидеме заедно? – инсистирав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Решението беше идеално за да бидеме заедно на море и плус да ги заработиме тие пари што ми требаа мене за уплата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Исто така било направено јас и тој да не можеме да бидеме заедно, да не можеме да имаме деца и уште триста глупости.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Секако, се потрудив да го утешам дека ќе направам сè барем на Нова Година да бидеме заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)