биде (гл.) - блиску (прил.)

Можеш ли уште еднаш барем да ги поместиш карпите меѓу нас, уште еднаш да бидеш блиску до мене...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ѕвездите можат да бидат поблиску или подалеку, според тоа како ни одговара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе бидеш крај мене почитувај ги моите чувства, грижи се никогаш да не ме распласчеш, докажи ми дека ме сакаш не за сто години, туку за цела вечност, покажи ми нежност, чувај ме за да бидам блиску покрај тебе засекогаш, зошто само љубовта е наша реалност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Господ кога правеше план на раскрсниците на животните патишта да ни ги спои душите не помисли на мојата тврдоглавост.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Затоа, додека им се обраќаше на своите соговорници, настојуваше да биде блиску до нив, така што неговата посебност препознатлива во измешаниот мирис на тутун, урми и гел, што го употребуваше за густата коса, веднаш ги двоеше тие што беа околу него: реата уште во мигот или ги освојуваше или ги одбиваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа се извртив неколкупати околу самиот себе како пес што се врти пред да реши да легне, но не легнав, туку ја зедов машината за пишување за и јас да се фатам за работа, а да бидам блиску, да го слушам удирањето на копачот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не го сакаа тоа од некоја наклоност или добронамерност спрема мене, не ни дека би се откажале од своите сплетки, туку сакаа да им бидам блиску за да гледаат како одблиску ги слушам, да можат директно да ме зграпчат, да ме тегнат и да ме тресат за палто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Барем таму ќе биде поблиску до војната, до мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Сакав и мене да ме затворат, вели, за да бидам поблиску до тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Градот не сакаше да се меша со гробиштата, живите не сакаа да бидат блиску до мртвите - но железничарот Круме и неговата стара, и не сакајќи, живееја со нив како навистина да се уште живи.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
БОРИС: (Останува полуседнат, полулегнат врг софата.) Дојди. Нема да те чепкам. Само биди блиску до мене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ако успееш да доведеш вода сред пустелијата на клисурата, тогаш секогаш ќе бидеш поблиску со луѓето и вечно ќе живееш меѓу нив.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Приликум градењето на мосто на клисурата, сестра му је викала: - Море, Марко - вика - зошто градиш - вика - там на тија стрмни места, на тија лоши места и ствараш трошкови - вика.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
МАРКО КРАЛЕ ГО ГРАДИ ИСАРОТ ВО ШТИП Имам слушнато од луѓе да Кралевиќ Марко го градел Исарот, а имал сестра Марија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
1. Преобразби „Срцето ме влече да ги опеам преобразбите во други тела“,23 на Ѓаволот конецот намотан на макара да го замрсувам јазикот да го вртам вртоглаво на врвот врв да најдам во коцката, коцка-бесконечност во кругот, точка-вселена за габите легло, да го откријам -пред да пропеат првите петли- мистериозниот отпечаток, совршено обол божјата преса по европските полиња додека житото живее знак дава човекот да се прилагоди на чуда и да мисли низ чудеса небаре сѐ е од два краја составено на два раздвоено, непостојано хаос и космос секаде и секогаш отровен и неотровен свет двојници свет условно отворен на слобода пуштен за да биде поблиску до смртта најаве одошто теориски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ќе бидеме блиску. Границата си е граница, ама и таа пустата нема да биде вечна. А после, ќе видиме!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)